SportM
Фудбал

Клоп го отпиша Шаќири, веќе се знаете каде ќе оди?

Д М29 мар 2020
Клоп го отпиша Шаќири, веќе се знаете каде ќе оди?

Швајцарецот Џердан Шаќири не е во плановите на Јурген Клоп за следната сезона, јавуваат британските медиуми.

Додека Англија чека одлука дали и кога ќе продолжи сезоната, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе планира како ќе изгледа неговиот состав следната сезона.

Медиумите на Островот тврдат дека Дејан Ловрен, Дивок Ориги, Наби Кеита, Лорис Кариус сигурно нема да останат во Ливерпул, а сега е отпишан и 28-годишниот фудбалер на Швајцарија Џердан Шаќири, на кој Германецот јасно му стави до знаење дека може да бара нов клуб.

Шаќири ретко се наоѓаше во прв план кај Клоп оваа сезона, причината е или повредите или поквалитетниот тандем Мане-Салах, а информациите за евентуално заминување од „Енфилд“ предизвикаа, како што се очекуваше, интерес кај неколку клубови.

Први клубови кои покажаа интерес беа Рома и ЦСКА, но според последните информации, Шаќири е најблизу до Севилја во овој момент, чии лидери наводно веќе оствариле контакт со неговите агенти во врска со евентуалниот трансфер.

Овој фудбалер е на „Енфилд“ уште од летото 2018 година кога пристигна од Стоук Сити, а во текот на целата кариера претходно играше за Интер, Баерн и Базел.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.