Клоп го пронајде виновникот за лошиот настап на Нуњез: Само не го споредувајте со него

Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул повторно проговори за Дарвин Нуњез.
Уругваецот летово пристигна на „Енфилд“ и нема завидна статистика, за разлика од Ерлинг Халанд кој веќе пишува историја во Манчестер Сити.
На прес-конференцијата пред натпреварот со Манчестер Сити, Клоп го критикуваше својот тим дека не му дава доволно можности за гол на Нуњез, како што тоа го прави актуелниот шампион со Халанд.
„Да ви кажам една работа, мислам дека Дарвин Нуњез ќе постигнеше уште неколку голови оваа сезона доколку играше за Манчестер Сити.
Треба да ја подобриме нашата игра и почесто да го ставаме во ситуации за постигнување голови. Не е време да се споредуваме со Ерлинг Халанд.
Се надевам дека нема да размислува за тоа. Не го гледам ова. Сакаме да се ослободиме од моменталната ситуација и тоа е единственото нешто што не загрижува во моментов“, изјави Клоп, пренесе talkSPORT.
Инаку, утре од 17:30 часот во дербито на англиската Премиер лига се среќаваат Ливерпул и Манчестер Сити или Нуњез и Халанд.
Да потсетиме, Нуњез неодамна призна дека не го разбира Јирген Клоп кога зборува во соблекувалната.
„Точно е. Искрено не разбирам ништо за време на тимските говори што ги одржа Клоп. Кога ќе заврши, морам да ги прашам соиграчите што рече“, изјави Нуњез.
Останува да се види дали Нуњез во наредниот период ќе почне да игра онака како што се очекува од него и ќе ги исплати парите што беа вложени во неговото доведување.



