Клоп испраќа отворено писмо до навивачите на Ливерпул

Јирген Клоп ги повика навивачите на Ливерпул да ја направат вистинската работа, бидејќи голем број од нив се собраа да слават во Пјер Хед, веднаш штом нивниот клуб ја освои својата прва титула во Премиер лигата по 30 години.
Енди Кук, началник на полицијата во Мерсисајд, објави дека 15 лица се уапсени во петокот вечерта и дека полицајците се спротивставиле на голем број насилни луѓе кај Пјер Хед, каде навивачите на Ливерпул се собрале во голем број за да ја прослават првата титула по 30 години.
Во заедничката изјава, полицијата, клубот, градскиот совет и група навивачи собирот во петокот го нарекоа неприфатлив.
Клоп во понеделникот напиша отворено писмо до навивачите на „црвените“, им се заблагодари за нивната поддршка, подвлекувајќи: „Ова е наш момент“, но ги повикува да слават безбедно и приватно.
„Јас сум човечко суштество и вашата страст е исто така моја страст, но во ова време најважно е да немате такви јавни собири. Но, тоа им го должиме на најранливите луѓе во нашата заедница, на здравствените работници кои дадоа толку многу и на кои аплаудиравме, и на полицијата и локалните власти кои ни помагаат како клуб, да не го сторат тоа“, напиша Клоп.
„Ве молам – славете – но славете на приватни места, затоа што на тој начин не ризикуваме да ја шириме оваа ужасна болест уште повеќе во нашата заедница“, напиша тој.



