SportM
Фудбал

Клоп му испрати порака на Ловрен, но остана на „seen“

Д М20 јан 2021
Клоп му испрати порака на Ловрен, но остана на „seen“

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен, Енфилд го напушти минатото лето по цели шест сезони, колку што играше за Ливерпул.

Тој отиде во Зенит од Санкт Петербург во трансфер вреден 12 милиони евра. На тој начин ја заврши својата епизода во англискиот шампион.

Одигра 185 натпревари за „црвените“ и освои практично сè што можеше да се освои. Тој освои една титула во Премиер лигата, една Лига на шампиони и еден трофеј на УЕФА Суперкупот со Ливерпул.

Тој не беше во првите редови на тренерот Јирген Клоп во последните две сезони. Во меѓувреме, Ливерпул наиде на големи проблеми со повредени играчи, особено со дефицитарната позиција на стоперот каде германскиот тренер немаше решение долго време.

Веројатно до крајот на сезоната се без Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез, додека Матип треба да се врати наскоро. Хендерсон и Фабињо, ги покриваат позициите на стоперот и кои не се играчи за кои тоа не е главната задача.

Клоп размислува да донесе нов стопер во зимскиот преоден рок и нема сомнеж дека Ловрен сега би го пречекал.

“Воопшто не ми е жал што го напуштив Ливерпул. Кон крајот не бев среќен таму затоа што не играв. Јирген Клоп тоа добро го знае, а тој ми напиша во порака дека им недостигам. Не му одговорив. Сигурен сум дека повеќе јас им недостигам, отколку што тие ми недостасуваат. Научив многу во Ливерпул и почнав поинаку да го разбирам фудбалот, но таа фаза е зад мене и воопшто не размислувам за тоа “, изјави Ловрен.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.