Connect with us

Фудбал

Клоп: Најтешките 3-0 што сум ги видел

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим ја доживеа нај тешката победата против Кристал Палас на исклучително тежок начин и покрај тоа што конечниот резултат беше 3:0 во корист на „црвените“.

Ливерпул поведе со голот на Садио Мане во финишот на првото полувреме, а потоа преку Мохамед Салах и Наби Кејт, пред крајот на натпреварот, ги решија сите дилеми и забележаа славје на Енфилд во петтото коло од Премиер лига.

„Им реков на момците дека ова е веројатно еден од најтешките триумфи од 3-0 што сум го видел. Дадовме се од себе, постигнавме голови од прекин, а Палас бранеше се исклучително добро. Ова се натпревари што треба да ги добиете. Не се истакнавме, но и противникот е со исклучителен квалитет. Затоа ни беше потребно расположението Алисон на голот“, изјави Клоп.

Садио Мане го постигна 100 -от гол за Ливерпул.

„Тоа е неверојатен успех. Среќен сум како играше. Повторно беше многу вреден, се бореше одлично. Се разбира, голот на Салах беше исто така добар, и само Наби … Леле! „.

Ибрахим Коната, стоперот кој пристигна од Лајпциг ова лето, доби шанса од почетокот на натпреварот.

„Тоа е одлично шоу. Седеше на клупата, не гледаше како играме, апсорбира се и сега беше многу добар. Има огромен потенцијал. Ќе биде подобар. Важно е да одиме чекор по чекор“, заклучи Германецот.

„Црвените“ се лидери во Премиер лигата со 13 бода. Во следното коло гостуваат кај Брентфорд.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама