Клоп објасни: Зошто Ливерпул тешко може да освои четири трофеи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е горд на играта на неговиот тим и на фактот дека се уште се во игра за освојување на трите трофеи.
„Црвените“ во сабота на „Вембли“ го победија Манчестер Сити со 3:2 во полуфиналето на ФА Купот, а името на ривалот во борбата за трофејот ќе се дознае денеска по дуелот меѓу Челзи и Кристал Палас.
„Не е многу веројатно да се зборува за освојување четири трофеи. Од мене нема да ги добиете одговорите што ги сакате. Колку е малку веројатно тоа покажува играта против Манчестер Сити“, изјави Клоп и продолжи:
„За два дена ќе играме против Манчестер Јунајтед кој освои три бода на денот кога загубија Тотенхем и Арсенал. Се води борба за место во Лигата на шампионите, а таа врата е отворена за сите три екипи. Сигурно е дека ќе даде се од себе“.
Германскиот тренер многу размислува што го очекува неговиот тим и по дуелот со „црвените ѓаволи“.
„Неколку дена подоцна играме со Евертон. Со оглед на нивната ситуација, тој натпревар нема да биде привремен. Потоа – Виљареал. Тоа е исто така тежок натпревар. Тогаш не чека Њукасл. Неверојатно згуснат распоред и тешко дека Ливерпул ќе ги добие сите натпревари. Стигнавме до финалето на ФА Купот. Мислам дека поради тоа ќе биде одложен натпреварот со Саутемптон“.
Првата следна обврска се вика Манчестер Јунајтед, вторник во 21 часот на „Енфилд“.
„Ќе се обидеме да победиме на следниот натпревар. Да видиме како ќе оди опоравувањето и сето тоа“, потенцира Клоп.
Ливерпул има бод помалку од водечкиот Манчестер Сити, додека Јунајтед е на петтата позиција со Арсенал.



