Клоп се согласи со стоперот, управата на клубот разочара

Ливерпул е во низа слаби резултати, а „црвените“ од почетокот на сезоната имаа проблеми со стоперите.
Прво се повреди Ван Дајк, потоа Гомез, додека Матип беше повеќе надвор отколку на тереот. Фабињо и Хендерсон ги закрпија позициите на стоперот, а Клоп беше свесен за ситуацијата.
Сепак, за разлика од Клоп, британските медиуми пренесуваат дека раководството на Ливерпул не даде зелено светло за доведување на стопер.
Клоп, наводно, договорил се со Пер Шурс, дефанзивецот на Ајакс, кој одигра одлично оваа сезона. Станува збор за 21-годишен стопер, а Ајакс беше подготвен да ја наполни касата за момче за кое се предвидува подобра кариера од Де Лихт.
Раководството на Ливерпул не беше за идејата, па го оставија Клоп во грижи за прв пат. Ливерпул дефинитивно ќе оди на шопинг на лето, треба да очекуваме мала реконструкција на тимот, кој на моменти е истрошен и тоа може да се забележи на теренот, но до јуни германскиот стручњак ќе мора да импровизира и се надева дека Ван Дајк ќе биде подготвен да му помогне на тимот на крајот на сезоната, поточно во април и мај.



