Клоп: Сезоната засега е одлична, има само една голема дамка

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е повеќе од задоволен од начинот на кој оваа сезона се одвива.
Ливерпул во Премиер лигата немаат пораз дури и по 12. кола, додека во Лигата на шампионите тие претрпеа пораз од Наполи и Црвена Звезда.
„Сезоната засега е одлична. Минатата година во ова време немавме 20 добри натпревари загубивме од Тотенхем во октомври… Постои само една голема дамка, а тоа е натпреварот со Звезда. Тоа едноставно беше лош натпревар за нас, за кој немаме оправдување. Ни против Наполи не одигравме добро, но во сите други натпревари бевме многу добри“, рече Клоп, кој потоа зборуваше за деталите:
„Во што сме подобри од минатата сезона? Одбраната е подобро, прекини се подобри, позрели сме кога играме, натпреварите ги играме на подобар начин… Нема апсолутно никаква причина за критика на момците, тие навистина направиа одлична работа. Се разбира, можеме да напредуваме, всушност, мора да напредуваме и јас сум сигурен дека ќе го сториме тоа. Но, додека не дојдеме до својот најдобар фудбал, треба да победуваме“.
Следниот предизвик за Ливерпул ќе биде во сабота, кога ќе играат против Ватфорд во 13. коло од Премиер лигата.



