Клоп: Црвениот дрес добро би му стоел на Санчо
Д М27 јун 2020

Првото место на Ливерпул во Премиер лигата нема да го натера Јирген Клоп да наддава за Џејдан Санчо. Менаџерот на шампионите призна дека му се допаѓа фудбалерот на Борусија (Дортмунд), но не планира негов трансфер.
Германскиот клуб скоро сигурно нема да ја намали неговата цена, која е над 100 милиони евра. Во оваа фаза, се чини дека Манчестер Јунајтед е единствената опција пред Санчо.
„Црвениот дрес добро би му стоел на Санчо. Тој е многу интересен играч, но мислам дека тој нема да дојде кај нас летово. Ако тој заврши во Ливерпул, јас ќе бидам најизненаден од сите“, се пошегува Клоп.
Неодамна, тимот од Мерсисајд одби да плати 53 милиони евра за друга sвезда од Бундеслигата – Тимо Вернер, кој се пресели во Челси.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



