SportM
Фудбал

Клоп: Утре гледајте го натпреварот против Милан

Д М14 сеп 2021
Клоп: Утре гледајте го натпреварот против Милан

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп им препорача на сите љубители на фудбалот утре да го гледаат натпреварот против Милан, бидејќи според германскиот стручњак ова е едно од фудбалските класици.

Ливерпул утре ќе ја започне европската кампања на „Енфилд“ против Милан, кој се врати во Лигата на шампионите по долгогодишно отсуство.

“Кога зборуваме за европскиот фудбал, Ливерпул против Милан мора да се гледа. Милан со години не игра во Лигата на шампионите, но тимот постигна извонреден напредок во последните 18 месеци. Ја започнаа сезоната силно и имаме тежок натпревар утре“, рече Клоп.

“Европските вечери на Енфилд се нешто посебно. Едвај чекам повторно да ја доживеам таа возбуда”.

“Нашата група е најтешка. Атлетико Мадрид – wow, шампион на Шпанија, Порто, кој обично е шампион на Португалија и е врвен тим, и Милан, кој е еден од најголемите тимови во Европа”, рече Клоп.

Менаџерот на Ливерпул не штедеше пофалби за суперѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој сепак се повреди и утре нема да му биде на располагање на тренерот Стефан Пиоли.

“Златан е исклучителен играч, еден од најдобрите во историјата. Гледав неколку негови видеа каде се опоравува од повредите и успева да се врати силно секој пат, како што тоа го направи на последниот натпревар кога постигна гол веднаш по влегувањето во игра. Тој е фудбалер за важни моменти во играта. Но, ако не игра, Милан има други одлични напаѓачи како Ребиќ и Жиру”, додаде Германецот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.