SportM
Фудбал

Клоп: Во телефонот има селфи само со Меси, додека и Роналдо беше во таа соба

Д М22 дек 2018
Клоп: Во телефонот има селфи само со Меси, додека и Роналдо беше во таа соба

Германскиот експерт Јирген Клоп е познат по своите интересни изјави, а овој пат тој беше во центарот на вниманието поради Лионел Меси.

Во својата изјава за Ливерпул ТВ, Клоп дошол во центарот на вниманието откако открил дека во својот мобилен има само едно селфи. Многумина помислиа дека тоа е со некој играчи на Ливерпул или неговото семејство, но тие останаа без текст кога тој изјави дека е со Лионел Меси.

Германскиот експерт рече дека тоа е единственото селфи што го има, иако често се слика со играчите на Ливерпул. Но, рече дека тоа не го прави со неговиот телефон, бидејќи играчите бараат фотографии. Но, очигледно, Меси е единствениот од кој Клоп побара да слика.

„Само од еден играч побарав да се сликаме, имам само едно селфи во мојот мобилен телефон и тоа со Меси, а Лео Меси и Кристијано Роналдо беа со нас во исто време во иста просторија, но …“ рече преку смеа тренерот на Ливерпул.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.