Клуб Бриж во последните минути избегна пораз на гостувањето кај Галатасарај, Леверкузен очекувано славеше на гостувањето кај Локомотив Москва

Натпреварот, Галатасарај – Клуб Бриж го отвори 5. коло во Групата А од Лигата на шампионите.
Галатасарај први стигнаа до водство и рчиси до самиот крај беше во водство, голот за домаќините го постигна Бујук во 11. минута и го доведе Галатасарај до водство.
Галатасарај откако постигна гол, белгијците со сите сили се обидуваа да стигнат до изедначувачкиот гол, турците даваа отпор, но сепак на самиот крај Дита во 92. минута успеа да изедначи на 1:1.
Во 93. минута Дита и Мата добија втор жолт картон и го напуштија теренот, а Галатасарај имаше шанса за победа до 99. минута, но сепак не успеа да постигне уште еден гол иако играче 6 минути со 2 играчи повеќе.
Табелата во Група А остана непроменета, Бриж е на +1 пред Галатасарај кој е на 4. место со 2 бода.
Леверкузен очекувано и без многу проблеми славеше победа од 2:0 на гостувањето на Локомотив Москва.
Геманците одлично го започнаа натпреварот, а грешката на Земалтединов кој си постигна авто-гол во 11. минута, ги доведе Германците до водство. Играта во провото пулувреме беше речиси скоро избалансирана, се играше на двете страни.
Второто полувреме Леверкузен покажа поголема активност на теренот и желба за победа, Бендер во 54. минута успеа да ја затресе мрежата на Локомотив Москва и да го постави конечниот резултат на натпреварот, 2:0 во корист на Леверкузен.
Леверкузен со оваа победа се оддеели на +3 пред Локомотив Москва која е на последната позиција со 3 бода.



