SportM
Фудбал

Клубовите одлучија: Следната сезона пет замени во Премиер лигата

Д М31 мар 2022
Клубовите одлучија: Следната сезона пет замени во Премиер лигата

Од следната сезона менаџерите во Премиер лигата ќе имаат право на пет промени, официјално беше потврдено во четвртокот.

Во соопштението на Премиер лигата се наведува дека клубовите се договориле за промена на правилата околу замената на играчите.

„Од следната сезона на клубовите ќе им биде дозволено да користат пет измени, кои ќе бидат направени во три наврати во текот на натпреварот, со дополнителна можност на полувремето. На списокот ќе може да се наведат вкупно девет замени“.

На средбата во четврток е договорено летниот преоден рок да започне на 10 јуни и да трае до 1 септември.

Променети се и мерките против ширење на коронавирусот. Од 4 април, играчите и персоналот повеќе нема да се тестираат двапати неделно, туку ќе се тестираат само оние кои чувствуваат симптоми.

Други измени вклучуваат укинување на медицинските пасоши за пристап до претходно забранетите области.

„Состојбата на играчите и персоналот останува приоритет, а Премиер лигата ќе продолжи да ја следи националната ситуација со корона вирусот и да ги приспособува протоколите низ лигата по потреба, во согласност со најновите инструкции од јавните здравствени власти и медицинските експерти“, се додава во соопштението.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.