SportM
Фудбал

Кога дедо ти е Марадона, кум ти е Меси, а татко ти е Агуеро

Д М1 авг 2023
Кога дедо ти е Марадона, кум ти е Меси, а татко ти е Агуеро

Ако за некој може да се каже дека има фудбалско наследство, тоа е дефинитивно Бенџамин Агуеро.

Ова 14-годишно момче е син на поранешниот аргентински фудбалер Серхио Кун Агуеро и Џанина Марадона, најмладата ќерка на славниот Диего Марадона.

Бенџамин е првиот внук на Марадона и кум е Лионел Меси.

Кун Агуеро имал само 20 години кога се оженил со Џанина и добил син, но три години подоцна се развеле. Момчето живее со својата мајка, но често ги посетува славниот татко и неговите уште попознати пријатели и поранешни соиграчи.

Претходните денови беше во Мајами каде заедно со својот татко присуствуваше на првите натпревари на Лео Меси во дресот на Интер. Покрај Меси, во овој клуб од неодамна е и Серхио Бускетс, до неодамна капитенот на Барселона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Leonel Agüero (@kunaguero)

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.