Кога се затвора фудбалскиот пазар? Часовникот отчукува, следат часови на нервоза и исчекување

Поради пандемијата на корона што го погоди скоро секој клуб, зимскиот преоден рок беше прилично тивок.
Последниот ден од преодниот рок традиционално носи возбуда, нервоза, нетрпеливост и исчекување на трансфери и од навивачите и од главните актери – клубови, менаџери и фудбалери.
Зимскиот преоден рок во Петте лиги ќе заврши во понеделник, 1-ви февруари. Првата „врата“ ќе биде затворена со трансфери во Бундеслигата во 18 часот.
Преодниот рок во Серија А завршува во 19 часот, додека „последниот гонг“ во Ла Лига, Премиершип и Лига 1 ќе биде објавен точно на полноќ.
За разлика од претходните години кога трансферот на пазарот во Турција обично беше подолг отворен во споредба со остатокот од Европа, овојпат нема да биде случај.
Од посилните лиги во февруари ќе може да се тргува во Русија, каде клубовите имаат можност да купуваат играчи до 25 февруари.



