„Кога за прв пат го запознав Зидан, почнав да се тресам“

Зинедин Зидан во март годинава се врати во Реал Мадрид.
Францускиот селектор е повторно на клупата на Кралскиот клуб, откако го водеше од 2016 до 2018 година.
Доаѓањето на Зидан во Мадрид не беше мала работа за некои играчи на Реал, па 18-годишниот Родриго раскажа како изгледаше неговата прва средба со легендарниот играч кој ја игра улогата на тренер во последните години.
„Кога го запознав Зидан, почнав да се тресем“, изјави Родриго за „ТВ Реал Мадрид“.
„Порано гледав видеа за него додека беше играч, а сега тој е мојот тренер. Лудо е. Ми беше драго што го запознав, но бев толку нервозен“.
„Навистина сум задоволен од начинот на кој започнав во Реал Мадрид“, продолжи Родриго.
„Не можеше да се одвива подобро. Сè беше навистина добро. Работите се движеа дури побрзо отколку што очекував и се надевам дека ќе можам да продолжам во овој стил“, заклучи играчот на Реал Мадрид.
Бразилецот оваа сезона има одиграно 10 натпревари за Реал во сите натпреварувања и постигна 6 гола.



