SportM
Фудбал

„Кога заминуваше Мурињо, Лампард, Тери и Дрогба плачеа, изгледасе како некој да починал“

Д М14 апр 2020
„Кога заминуваше Мурињо, Лампард, Тери и Дрогба плачеа, изгледасе како некој да починал“

Поранешниот фудбалер на Челси, Стив Сидвел, се присети на атмосферата во соблекувалната на денот кога Жозе Мурињо за прв пат го напушти клубот.

Португалецот првпат го презеде Челзи во летото 2004 година. Тој беше на клупата три цели сезони и беше отпуштен на почетокот од четвртата.

Колку играчи беа врзани за него, потврдува фактот дека скоро сите плачеле во соблекувалната кога тој се збогувал. Сидвел, кој во тоа време беше член на тимот, даде изјава за „The Athletic“.

„Сите играчи беа со него. Тој не ја изгуби соблекувалната како што се пишуваше. На денот кога заминуваше ја возев сопругата на аеродромот и ги слушнав вестите на радио. Бев шокиран. Бевме поканети на состанок. беше чудно да гледам како се збогува. Беше потполна тишина во соблекувалната, како некој да умрел “, се сети тој, додавајќи:

„Кога гледате силни луѓе како Дидиер Дрогба, Френк Лампард и Џон Тери, ви е јасно дека заминува голем човек“.

Мурињо се врати во Челси летото 2013 година, освојувајќи ја лига повторно една сезона подоцна, но го напушти клубот на почетокот на својата трета сезона на крајот на 2015 година.

Претходно во првиот мандат, тој им донесе на Челзи две титули во Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.