Кои клубови ја „принудија“ УЕФА да го казни Манчестер Сити?

Во петокот, УЕФА милостиво реши да го казни Манчестер Сити со исфрлање од Лигата на шампионите во следните две години.
Сити ги прекрши правилата во врска со финансискиот фер-плеј, а УЕФА одлучи да стави крај на нерегуларностите.
Иако порано се случуваше некои богати клубови да го направат истото, УЕФА досега не била толку строга, но сега одлучи да дејствува и англискиот шампион е прва сериозна жртва.
Сега, некои извори на Манчестер Сити велат дека клуч за сè е Реал Мадрид, кој се бореше најмногу да се залага за правда, односно некако да го натера раководството на УЕФА да бара најостра казна.
Покрај Реал, за тоа се бореше и германскиот шампион Баерн Минхен, а покрај Сити во страв од можна казна е и ПСЖ.
Единствена надеж на Сити е да испрати жалба за одлуката на УЕФА до Судот на арбитража за спорт (КАС), по што конечно ќе се знае дали тимот на Пеп Гвардиола ќе игра во Европа наредните две сезони.



