Поврзи се со нас

Фудбал

Кои натпревари ќе ги пропушти Роналдо поради коронавирусот?

Португалскиот фудбалски сојуз го објави досега најголемото фудбалско име заразено со коронавирусот.

Кристијано Роналдо беше позитивен на КОВИД-19, тој беше утврден со рутинско тестирање, па го напушти таборот на португалската репрезентација.

Напаѓачот на Јувентус не покажа никакви симптоми и се вели дека се чувствува добро, но ќе мора да биде изолиран во следните 14 дена.

Тоа значи дека тој ќе го пропушти утрешниот натпревар со Шведска во Лигата на нации, гостување кај Кротоне во Серија А во сабота, но и натпревар со Динамо Киев следниот вторник во Лигата на шампионите, а тој може да се врати против Верона во шампионатот на 25 октомври.

Сепак, со оглед на честите тестирања и можноста за „промена на планот“, не е исклучено Португалецот да се врати на терените порано, доколку некој од следните тестови покаже негативност на короавирусот.

Advertisement