SportM
Фудбал

Кој беше единствениот во историјата кој постигна гол во финалиња на СП, ОИ…?

Д М18 дек 2022
Кој беше единствениот во историјата кој постигна гол во финалиња на СП, ОИ…?

Анхел Ди Марија во моментов е еден од најзабележителните играчи во финалниот натпревар на Светското првенство…

 

Искусниот Аргентинец ја удвои предноста на својот тим во 36. минута и со тоа постави необичен рекорд.

Тој стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал голови во финалиња на едно Светско првенство, Олимписки игри и континентално првенство (Копа Америка), пренесува Gracenote.

На Олимписките игри во Пекинг 2008 година, тој постигна гол во финалето против Нигерија во победата од 1-0.

Овој фудбалски ас лани во финалето на Копа Америка го реши победникот во дуелот со најголемиот ривал Бразил (1:0).

Како бонус, Ди Марија беше стрелец и на турнирот „Финалисима“, каде Аргентина како шампион на Јужна Америка го победи европскиот првак Италија (3:0).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.