SportM
Фудбал

Кој е омилен играч на Златан Ибрахимовиќ?

Д М30 мар 2019
Кој е омилен играч на Златан Ибрахимовиќ?

Во интервју за американските медиуми шведскиот напаѓач открил кој е неговиот омилен играч.

31-годишниот напаѓач е еден од најдобрите напаѓачи во последните 15 години, а за прашањето кој е најкомплетниот играч, тој рече дека тоа е „Бразилецот Роналдо“.

„Роналдо беше најдобриот што сум го видел, а тој е најкомплетниот играч. Секогаш кога ќе имаше топка во нозете, нешто ќе се случеше. Сите сакаа да го гледаат“, изјави напаѓачот на Лос Анџелес Галакси.

Во истото интервју, тој откри дека ако не бил фудбалер, тој ќе беше адвокат, бидејќи тој е „многу паметен“, а ги избра Брус Ли и Чак Норис како омилени филмски хероји.

„Гладијатор“ е филм кој Златан го опишан како најомилен и најмногу од сите што го има гледано.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.