SportM
Фудбал

Кој ги намести натпреварите во Србија?

Д М12 апр 2021
Кој ги намести натпреварите во Србија?

Нова афера го тресе фудбалот во Србија.

Имено, ФС Србија доби писмо од УЕФА дека два натпревари се под сомневање за регуларност.

Станува збор за големи уплати во обложувалници во Европа и Азија, а наводно бил познат и точниот резултат на одредени натпревари.

Од куќата на српскиот фудбал, тие решија да се огласат.

“Вистина е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска со можни нерегуларности, што укажува на нарушување на интегритетот на одредени натпревари. Во тек е процесот пред надлежните органи на Фудбалскиот сојуз на Србија. Не можеме да откриеме повеќе детали во моментот. Јавноста ќе биде информирана за сè наскоро“, изјави портпаролот на ФСС, Милан Вуковиќ.

Останува да видиме дали ќе бидат пронајдени одговорните.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.