Кој ќе седне на клупата на Пари Сен Жермен?
Д М17 јун 2023

Пропаднаа преговорите меѓу Јулијан Нагелсман и Пари Сен Жермен, пренесува „Екип“.
Иако „веќе беше виден“ на „Паркот на принцовите“, Џулијан Нагелсман на клупата на Пари Сен Жермен нема да се оствари.
Преговорите беа прекинати бидејќи ниту една страна не беше задоволна од тоа како се одвиваа во завршната фаза.
Така сега клубот од главниот град на Франција се насочил кон друго име, кое е непознато за јавноста, пренесува „Екип“.
Од друга страна, Нагелсман и понатаму останува без ангажман по отказот од Баерн во март годинава. Сега се поставува прашањето која клупа му е отворена, односно која може да му излезе во пресрет и финансиски и резултатски.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



