SportM
Фудбал

Кој очекуваше? Роналдо и Мане обвинети за „чувствителна содржина“

Д М5 авг 2023
Кој очекуваше? Роналдо и Мане обвинети за „чувствителна содржина“

Фото: Soccer Football – Saudi Pro League – Al Nassr v Al Shabab – KSU Stadium, Riyadh, Saudi Arabia – May 23, 2023 Al Nassr’s Cristiano Ronaldo celebrates scoring their third goal REUTERS/Ahmed Yosri TPX IMAGES OF THE DAY – UP1EJ5N1JT8HT

Во фудбалскиот клуб Ал Наср освен што демонстрираа финансиска моќ, покажаа и дека имаат смисла за хумор.

Во четвртокот Садио Мане за првпат играше за Ал Наср по доаѓањето од Бундеслигата, од шампионот Баерн, но тоа не е се…

Ал Наср играше против египетскиот Заламел во Купот на арапските клупски шампиони, а Сенегалецот влезе во игра на стартот од вториот дел.

По тој повод Ал Наср на социјалните мрежи редовно објавуваше детали од натпреварот, а потоа се појави и твит со предупредување дека се работи за „чувствителна содржина“.

„Предупредување за содржината: Чувствителна содржина. Авторот на твитот го означи овој твит како чувствителна содржина“, се вели во пораката на Ал Наср.

Корисниците на Твитер можеа да влезат и да видат за што се работи на сопствен ризик. По првичната конфузија, сите што го отворија твитот – имаа што да видат – заедничка фотографија на Кристијано Роналдо и Садио Мане!

Очигледно беше шега, бидејќи твитот беше избришан веќе следниот ден. „Предупредувањето“ беше за противниците, бидејќи Ал Наср во наредниот период ќе го има еден од најдобрите тандеми во светот.

Натпреварот против Замалек заврши нерешено 1:1 благодарение на израмнувачкиот гол на Кристијано Роналдо на крајот од натпреварот. Следниот натпревар на Ал Наср е в недела во четвртфиналето против мароканскиот тим Раџа Казабланка.

https://twitter.com/GoalMachine007/status/1687194124859170816

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.