Поврзи се со нас

Фудбал

Кој правел вакви договори? Дури и да оди на лето, Барселона е должа да му исплати богатство на Меси!

Лионел Меси ќе ги заработи преостанатите 33 милиони евра од бонусот за лојалност во Барселона, без оглед дали ќе остане на „Камп Ноу“.

Според странските медиуми, Барселона ќе мора да му исплати на својот најдобар играч бонус за лојалност од 33 милиони евра, дури и ако Аргентинецот реши да го напушти клубот.

Актуелниот договор на Меси истекува на крајот на сезоната, а тој може да се одлучи за слободно заминување следното лето, по неуспешните обиди да направи трансфер минатото лето.

„ЕСПН“ тврди дека условите на договорот, кој Меси го потпиша уште во 2017 година, вклучуваа вкупно 66 милиони евра бонуси за лојалност. На Меси му беше исплатен половина од тој бонус во февруари, а другиот на крајот на овој договор, односно во јуни 2021 година.

Иднината на 33-годишниот Аргентинец во Барселона виси во воздухот и не е исклучено ова да биде негова последна сезона во дресот на каталонскиот гигант.

Тој реши и мораше да остане по неуспешниот обид да замине во Манчестер Сити, но на крајот на сезоната станува слободен. Кој знае, може да се случи Барселона да остане без Меси и 33 милиони евра за едно лето.

loading...

Facebook