SportM
Фудбал

Кој вели дека нивното време помина? Овие двајца „вонземјани“ синоќа соборија уште три рекорди!

Д М6 јун 2022
Кој вели дека нивното време помина? Овие двајца „вонземјани“ синоќа соборија уште три рекорди!

Лионел Меси и Кристијано Роналдо вчера блеснаа во дресовите на своите репрезентации.

Кристијано Роналдо беше двоен стрелец во победата на Португалија над Швајцарија (4:0), во 2. коло од Лигата на нации и можеше да постигне хет-трик доколку не му беше поништен третиот гол.

Од друга страна, Лионел Меси ги постигна сите пет гола на пријателскиот натпревар против Естонија (5:0).

Рекорди на Роналдо и Меси

Популарниот Роналдо на тој начин дополнително го подобри својот рекорд по бројот на голови во националниот фудбал и сега е 117. Ова е апсолутен рекорд и за активните и за поранешните играчи. Зад Португалецот се Али Даеи од Иран (109 голови) и Мохтар Дахари од Малезија (89 голови).

https://youtu.be/DEOrn3eJ97s

Од друга страна, Лионел Меси стана првиот играч во историјата на аргентинската фудбалска репрезентација кој постигнал пет гола на еден натпревар.

Тој, исто така, стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал 1.100 гола вклучувајќи настапи за клубот и националниот тим. Тоа го постигна со 769 голови и 331 асистенција.

За тоа достигнување му беа потребни само 974 натпревари.

https://youtu.be/5eqGTT5D0EA

Иако се наближуваат до петтата деценија од животот, сепак се едни од најдобрите фудбалери во светот. Да уживаме додека трае и да бидеме благодарни што живееме во времето на овие двајца вонземјани.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.