SportM
Фудбал

Колку клубовите од Премиер лигата ќе изгубат поради празни трибини?

Д М24 сеп 2020
Колку клубовите од Премиер лигата ќе изгубат поради празни трибини?

Според последните информации, навивачите нема да се вратат на трибините на стадионот во Англија уште шест месеци, што всушност значи голема финансиска загуба за тамошните клубови.

Според студијата на „Телеграф“, клубовите од Премиер лигата ќе изгубат повеќе од милијарда фунти доколку целата сезона се игра без присуство на публика на стадионите.

Најголем губитник ќе биде Манчестер Јунајтед, кој ќе загуби нешто повеќе од 139 милиони фунти, а Арсенал ќе загуби 122 милиони фунти.

Сепак, „Телеграф“ пишува дека оваа загуба ќе го погоди Арсенал многу повеќе од Јунајтед, со оглед на тоа што во сезоната 2018/2019, приходот поврзан со посета на стадионот во деновите на натпреварот изнесуваше скоро четвртина од вкупната заработка на лондонскиот клуб.

Загубите на Тотенхем ќе изнесуваат 106 милиони фунти, Ливерпул 104, Челзи 82 и Манчестер Сити 72 милиони фунти.

Да потсетиме, стадионите во Англија требаше да бидат барем делумно отворени за навивачите на 1 октомври, но британскиот премиер Борис Џонсон објави дека забраните ќе бидат продолжени за дури шест месеци.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.