Колку пари „фрли“ Арсенал на Луиз за една сезона?

Сега е добро утврдено мислење дека Давид Луиз ќе го напушти Арсенал летово, по само една сезона на „Емирати“.
Лошите резултати на Арсенал во последно време не се само комбинација на случајни несреќни околности.
Ова е местото каде што се појави проблемот наречен Давид Луиз. Арсенал на крајот на краиштата потроши многу пари за Луиз, па не беше така лесно да се одлучи да не го продолжи договорот. Се чини дека е донесена таква одлука и дека Арсенал фрли добри 27-28 милиони евра.
Колку навистина Давид Луиз го „оштети“ буџетот на Арсенал?
Арсенал му плати на Челзи близу девет милиони евра за трансферот на искусниот Бразилец минатото лето, но она што „го задушува“, како што дознава „Атлетик“, е фактот дека „Топџиите“ платиле уште седум милиони евра на разни посредници кои го „комплетирале“ трансферот. Кога се додава бројката од над 11 милиони евра што Давид Луиз ја заработи преку плати, се заклучува дека Арсенал му дал вистинско богатство во само една сезона.
И сето она кај навивачите на Арсенал ќе поминеше полесно ако Луиз донесеше рутина и безбедност во одбраната на „Топџиите“, поради што беше доведен. Сепак, тоа не се случи, Бразилецот делуваше несериозно на моменти, правеше глупави грешки…
Неодамнешните шпекулации сугерираат дека 33-годишниот Луиз би можел да ја продолжи кариерата во Бенфика.



