Колку тешко му падна на Салах поразот во финалето најдобро се виде на вчерашниот тренинг на Ливерпул

Мохамед Салах вчера се врати во Ливерпул по настапот на Африканскиот куп на нации.
Салах дури стигна до финалето на ова натпреварување со Египет, но на крајот неговиот тим беше поразен во финалето од Сенегал по пенали.
Египќанецот веднаш по финалето се врати во Ливерпул и вчера се појави на тренингот на англискиот клуб, а во конкуренција би можел да биде утре на натпреварот против Лестер во 24. коло од ПЛ.
Поразот во финалето на Африканскиот куп на нации беше многу тежок за Салах, а тоа денеска на прес-конференција го потврди и Јирген Клоп.
Германскиот стручњак изјави дека кај Салах се гледа дека е тажен и разочаран што не стигна до трофејот со својата репрезентација, а на вчерашниот тренинг бил невообичаено тивок.
“Тој вчера беше невообичаено тивок на тренингот. Сите можевме да видиме дека се уште е во финалниот натпревар на Купот на африканските нации. Поразот во финалето е секогаш многу, многу тежок и тоа го знам од искуство. Тој е среќен што е се вратив во клубот, но во него видов колку е разочаран од тој пораз“, изјави Клоп во пресрет на утрешниот натпревар против Лестер.
Сепак, и покрај тоа се очекува Клоп да го вклучи Салах во конкуренција за утрешниот натпревар, но дека египетскиот натпревар ќе започне од клупата за резервни играчи.



