SportM
Фудбал

Коментарите од Минхен го налутија Лапорта: „Гледајте си ја вашата работа“

Д М29 јул 2022
Коментарите од Минхен го налутија Лапорта: „Гледајте си ја вашата работа“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта му одговори на тренерот на Баерн.

 

Одамна е познато дека Барселона се бори со финансиски проблеми, но и покрај ова Каталонците летово доведоа многу големи засилувања меѓу кои и Роберт Левандовски кој дојде од Баерн за 50.000.000 евра. На клубот од Каталонија му помогнаа таканаречените финансиски лостови кои малку го подобрија буџетот на клубот.

 

Нагелсман беше изненаден од активноста на Барселона на пазарот.

“Тие се единствениот клуб без пари, а го купуваат секој играч што ќе го посакаат. Немам поим како функционира. Тоа е малку чудно и лудо”, изјави тренерот на Баерн.

Жоан Лапорта не му остана должен на Германецот, па му даде адекватен одговор.

 

“Би го замолил да се занимава со својата работа. Тие добија конкретни пари за Левандовски. Ги почитувам сите и не се мешам во ничии финансиски работи. Тој погрешно го процени потенцијалот на Барселона. Ова е незнаење и непознавање на нашиот клуб. Вистината е дека ние бевме во лоша ситуација, но излеговме од тоа, а овој господин живее во минатото“, изјави Лапорта за Мундо Депортиво.

 

Претходно претседателот на Баерн Оливер Кан се осврна на зборовите на Нагелсман.

 

„Не сум за тоа секогаш да ги судам работите однадвор. Гласините велат дека Барселона акумулирала значителен долг во минатото. Сепак, никој од нас не може да суди случај ако не сме дел од него. само оние кои навистина ги знаат тие бројки се вработените во клубот. Мора да бидете внимателни кога зборувате на оваа тема“, признал поранешниот фудбалер во интервју за „Билд“.

 

Барселона наскоро ќе одигра уште еден пријателски натпревар во пресрет на претстојната сезона. Претходно го победија Реал Мадрид со 1:0 и ремизираа со Јувентус (2:2). Овојпат ќе се соочат со Њујорк Ред Булс. Натпреварот е закажан за ноќта од сабота кон недела во 01:00 часот по средноевропско време.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.