SportM
Фудбал

Коментарот на Пјаниќ на Инстаграм ги воодушеви навивачите на Барселона

Д М16 сеп 2020
Коментарот на Пјаниќ на Инстаграм ги воодушеви навивачите на Барселона

Миралем Пјаниќ вчера беше официјално претставен како ново засилување на Барселона.

Пјаниќ потпиша четиригодишен договор со Барселона, и реши да го позајми дресот со број осум. Пјаниќ замина на „Камп Ноу“ да позира во дресот на новиот клуб, а ги воодушеви навивачите со својата техника.

“Минувајќи низ соблекувалната, низ тунелот што води кон тревникот, ја почувствував целата историја на клубот и што значи сето тоа. Чест ми е што ја споделувам соблекувалната со големите шампиони”, беа првите зборови на Пјаниќ како играч на Барселона.

Откако позираше со дресот на Барселона, овој клуб објави неколку фотографии од него на својот официјален профил на Инстаграм, а самиот Пјаниќ реши да остави коментар.

„А, сега да се забавуваме“, рече тој и доби над четири илјади лајкови на неговиот коментар.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.