SportM
Фудбал

Комплетиран најголемиот трансфер ова лето!

Д М28 авг 2022
Комплетиран најголемиот трансфер ова лето!

Договорен е првиот трансфер вреден 100 милиони евра на фудбалскиот пазар летово.

По неколкунеделен притисок и врз сопствениот клуб и врз менаџерите, конечно го доби Антони Матеус дос Сантос.

Брилијантниот Бразилец летово ќе го напушти Ајакс и ќе потпише за Манчестер Јунајтед во рекорден трансфер. Тоа го потврди и познатиот трансфер гуру Фабрицио Романо.

„Црвените ѓаволи“ ќе платат дури 100 милиони евра за одличниот напаѓач и конечно Ерик тен Хаг ќе го добие играчот кој толку многу го посакува.

22-годишниот фудбалер ќе потпише договор со Јунајтед до 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Покрај тоа што ќе стане најскапиот играч во овој преоден рок, Антони ќе биде и рекордер на Ередивизија бидејќи ниту еден играч досега не е продаден за приближна сума.

Инаку, најскапиот трансфер летово го реализира Реал Мадрид, кој од Монако за 80 милиони евра во своите редови го донесе играчот за врска Аурелиен Чоамени.

Антони пред неколку дена откри дека од февруари го одбива новиот договор на Ајакс и им порачува дека сака да оди и дека не разбира зошто упорно ги одбиваат понудите на Манчестер Јунајтед.

„Од февруари моите агенти им кажуваа на челниците на Ајакс дека сакам да одам и дека барам нов предизвик во кариерата. Имаше одлични понуди за клубот и не разбирам зошто го прават тоа. Во јуни го прекинав одморот и дојдов лично да разговарам со нив и со новиот тренер и кажав што сакам“, вели Антони и продолжува.

„Дојдов во Ајакс и знаеја дека тоа е проект за две години и дека ќе заминам кога ќе дојде вистинската понуда. Ми нудат нов договор, но јас не сакам да го потпишам и само сакам да го напуштам ова. клуб“.

На крајот се најде заеднички јазик, па сите страни ќе бидат задоволни од трансферот кој ќе биде официјализиран во понеделник.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.