Конечно добри вести за Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез денеска потврди дека Осман Дембеле се чувствува одлично и се опоравува од повредата.
Французинот ја повреди тетивата на почетокот на февруари на гостувањето во Жирона и се очекува да биде надвор од терените најмалку месец и половина.
Според последните информации Дембеле закрепнува повеќе од перфектно, но Чави и стручниот штаб нема да избрзуваат со неговото враќање. Главната цел е да бидеме подготвени за лигашкиот „Ел Класико“ на Камп Ноу на 19 март.
„Дембеле тренира со нас, тој се уште не е 100% подготвен, но напредува. Не смееме да го принудиме да се врати, туку да им веруваме на лекарите и како се чувствува“, рече Чави .
Уште една добра вест е што Ансу Фати само заработи мала повреда на тренинг и ќе го пропушти само гостувањето кај Алмерија.
„Повредата на Фати не е сериозна, но тој нема да патува со нас во Алмерија. Верувам дека ќе биде подготвен за натпреварот од Кралскиот куп против Реал Мадрид“, истакна Чави.
Барса гостува во Алмерија во недела од 18:30 часот, а потоа во Реал во четврток од 21:00 часот.



