Connect with us

Фудбал

Конечно некои добри вести за Солскјер: Марсијал би можел да игра против Ливерпул

Манчестер јунајтед ќе игра големо дерби против Ливерпул в недела на „Олд Трафорд“.

Овој натпревар пристигнува во најлош можен момент за екипата на Солскјер, со оглед дека тој е во голема криза и игра лошо од почетокот на сезоната.

Ливерпул, од друга страна, ги има сите осум победи и максимум 24 поени и ќе сака да ја продолжи својата низа и да ја одржи својата предност пред Манчестер Сити.

Солскјер исто така има проблеми со повреди, седум играчи во моментов се надвор од теренот.

Пол Погба ќе биде еден од играчите што ќе го пропушти натпреварот против „црвените“, но изгледа дека Антони Марсијал сепак би можел да игра.

Французинот оваа сезона има одиграно три натпревари и постигна два гола пред да се повреди, со тоа што „Скај Спорт“ пишува дека се очекува да тренира со првиот тим оваа недела и има шанси тој да игра против Ливерпул.