Конечно, некој да го брани Бејл во Реал: „Тој многу добро зборува шпански“

Герет Бејл веќе некое време е на голем удар на навивачите на Реал Мадрид, кои велат дека не се однесува професионално во кралскиот клуб.
Велшанецот беше погодена од критики, откако беше фотографиран со транспарент на кој пишуваше „Велс, голф, Реал Мадрид. По тој редослед“, а навивачите потоа го исвиркуваја на секој натпревар што го играше за Реал.
Претходно Бејл беше критикуван откако Марсело рече дека воопшто не зборува шпански, иако живее во Мадрид веќе шест години. Но, сега Тибо Куртоа се најде во негова одбрана.
Белгиецот рече дека Бејл многу добро зборува шпански и дека би сакал тоа да го докаже на сите во интервју.
„Зборувам четири јазици, имено англиски, холандски, француски и шпански. Јас зборувам англиски со Бејл за да останам во ‘форма’ и исто така учам и Португалски. Морам да кажам дека не е точно дека Бејл не зборува шпански. Тој зборува многу добро шпански и се создаде погрешна слика за него. Јас би сакал да направи интервју на шпански јазик и на сите да им покаже дека многу лаги кружат околу него“, рече Куртоа.



