SportM
Фудбал

Конечно позитивни информации за Јовиќ доаѓаат од Мадрид

Д М30 јун 2020
Конечно позитивни информации за Јовиќ доаѓаат од Мадрид

Позитивни вести доаѓаат од Мадрид кога станува збор за Лука Јовиќ.

Напаѓачот на Реал се опорави од повредата и повторно започна со тренинзи со тимот.

Тој е повреден уште од времето на карантинот, па ги промаши сите натпревари од враќањето на фудбалот во Ла Лига. Реал за тоа време забележа пет победи и ја врати лидерската позиција на табелата.

Враќањето на Јовиќ е секако позитивна работа за тренерот Зинедин Зидан, кој ќе има опција за поголем напад во последните шест кола од шампионатот.

Следниот натпревар Реал ќе го игра на стадионот „Алфредо Ди Стефано“ против Хетафе, а „Марка“ пишува дека Јовиќ би можел да биде во конкуренција за натпреварот.

Освен Јовиќ, Лукас Васкез се опорави од повредата и треба да биде подготвен за мечот.

Кралевите имаат два бода повеќе од Барселона и можат да си дозволат една грешка во последните шест кола затоа што имаат подобар дуел против Каталонците.

Кога станува збор за Јовиќ, за него претходниот дел од сезоната беше целосно заборавен, бидејќи успеа да постигне само два гола на сите натпреварувања.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.