SportM
Фудбал

Конечно се ближи крајот на повеќемесечната сага

Д М9 јул 2022
Конечно се ближи крајот на повеќемесечната сага

Усман Дембеле (24) прифати огромно намалување на платите и наскоро треба да потпише нов договор со Барселона.

 

Францускиот фудбалер на крајот на јуни остана без договор во каталонскиот тим. Преговорите за нов договор траеја со месеци, но не беше постигнат договор бидејќи агентот постави нереални услови.

Меѓутоа, бидејќи Барселона јасно стави до знаење дека нема да се согласи со огромните барања за нов договор, Дембеле и агентот решија да го намалат гардот и ги прифатија понудените услови за новиот договор.

Крилниот напаѓач на тој начин ќе потпише нов двегодишен договор со 40 отсто помала плата од онаа што ја имаше, а според новиот договор треба да заработува околу седум милиони евра по сезона.

Тимот на Дембеле и Барселона ги финализираат последните детали околу продолжувањето на соработката и наскоро 24-годишниот Французин ќе биде претставен како нов-стар играч на овој клуб.

 

Усман Дембеле пет години играше за каталонскиот гигант. Тој пристигна во трансфер вреден 145 милиони евра од Борусија Дортмунд, но поради честите повреди не покажа се што знае.

Вкупно за Барселона одигра 150 натпревари и постигна 32 гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.