SportM
Фудбал

Конте го одби Реал и ги објасни причините за неговата одлука

Д М12 ное 2018
Конте го одби Реал и ги објасни причините за неговата одлука

Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, одби да биде тренер на Реал Мадрид.

Кога Реал ќе ве повика, тогаш е тешко да се одбие без оглед на околностите и што позиција ви се смешка, но случајот на италијанскиот експерти е поинаков.

Флорентио Перез го повика Конте да работи наместо Јулиен Лопетеги, односно како долготрајно решение, но поранешниот тренер на Јувентус и Челзи ја одби оваа можност.

„Јас сум тип на тренер кој сака да почека до јуни, па потоа да избере работа, но за неколку месеци можам да го „прегазам“ она што го реков сега“, рече Конте.

Тој нагласува дека би сакал да работи дома, во Италија, па затоа не е исклучена можноста да биде тренер на Милан, кој веќе го контактирал и кој очајно му треба некој искусен, наместо Гатузо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.