SportM
Фудбал

Конте: Кејн? Премиер лигата е најтешка, не е лесно да се постигне гол

Д М3 дек 2021
Конте: Кејн? Премиер лигата е најтешка, не е лесно да се постигне гол

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте истакнува дека е задоволен од игрите кои ги пружи Хари Кејн, а убеден е дека Англичанецот до крајот на сезоната ќе постигне многу голови во Премиер лигата.

Кејн сезонава само еднаш се запиша во листата на стрелците во англискиот шампионат.

„Сигурен сум дека Хари е среќен кога победуваме, дури и кога не е меѓу стрелците“, рече Конте.

„Тотенхем е на прво место за сите нас. Како што реков, Кејн играше добро. Сигурен сум дека ќе постигне многу голови“.

На прашањето зошто англискиот фудбалер постигнува повеќе голови за националниот тим, италијанскиот стручњак одговори:

„Премиер лигата е многу, многу тешка лига. Нема лесен натпревар. А кога играш за репрезентација, тогаш играш против репрезентации кои не се толку силни и имаш повеќе шанси за гол. И тоа не важи само за него, туку за сите играчи. Оваа лига е многу силна, најтешка во светот и поради таа причина не е лесно да се победи и да се постигнуваат голови.“

Следниот натпревар Тотенхем го игра против Норич во недела од 15 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.