SportM
Фудбал

Конте не може да поднесе пораз: Тој направи потег што нема да му биде простен во Торино (ВИДЕО)

Д М10 фев 2021
Конте не може да поднесе пораз: Тој направи потег што нема да му биде простен во Торино (ВИДЕО)

Антонио Конте не успеа да направи пресврт со Интер во Торино против Јувентус и да се пласира во финалето на Купот на Италија.

Бјанконерите славеа со 2: 1 на првиот натпревар пред седум дена на „Џузепе Меаца“, а синоќа го одбранија резултатот без некои поголеми проблеми, а реваншот заврши без голови (0:0).

Тренерот на Интер, Антонио Конте беше исклучително лут за време на играта. Ова го покажа со потегот што го направи, а со ова веројатно самиот си ја затвори вратата на торинскиот гигант некое време.

На пат кон соблекувалната, Конте го впери средниот прст кон управата на Старата дама, а камерата успеа да го фати. Се претпоставува дека тоа се однесувало на првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

Шефот на Јувентус не остана должен на својот поранешен соработник во клубот. Како што се симнуваше по скалите, тој му рече:

„Замолчи и е*и се, глупаку“.

https://twitter.com/PipeSierraR/status/1359291933160579072

Конте и Ањели беа многу добри пријатели. Заедно, тие го започнаа проектот за враќање на Јувентус на врвот на италијанскиот фудбал и соработуваа од 2011 до 2014 година.

Тогаш Конте освои три шампионски титули со Старата дама, но по овој потег сигурно за некое време сам си ги затвори вратите на клубот, што му даде многу во животот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.