Connect with us

Фудбал

Конте: Сакам трофеи со Тотенхем

Италијанскиот стручњак Антонио Конте се надева дека ќе освои трофеи со Тотенхем и истакнува дека напорната работа е единствениот начин да се постигне тоа.

Тотенхем моментално е седми на табелата во Премиер лигата. И покрај успесите кои ги постигна во изминатиот период, одреден дел од јавноста не верува дека Конте може да постигне значајни резултати со Спарс.

„Се наоѓате во поинаква ситуација, но мора повторно да докажете дека сте подготвени за борба. Во Тотенхем се обидуваме да направиме нешто важно, да победиме, да освојуваме трофеи“, изјави Конте.

„Не е едноставно. Сакаме заедно да се обидеме да освојуваме трофеи, тоа мора да биде нашата цел. Останатите тимови во Англија се многу силни, но знам дека со напорна работа можеме многу да напредуваме. Мора да се обидеме да го дадеме најдоброто за овој клуб. Во овој момент, треба да бидеме фокусирани и да работиме напорно за да бидеме подобри. Не гледам друг начин да се стигне до целта, постои само тој пат. Потребна ви е вистинската атмосфера и да бидете подготвени да страдате. Имам група играчи кои сакаат да работат и да напредуваат, за мене тоа е добра основа“.

Тотенхем во четврток ќе му гостува на Мури во петтото коло од групната фаза на Конференциската лига. Лондонскиот клуб е втор на табелата од групата Г.

Реклама

Facebook

Реклама