Конте: Знам што се случи летово, го разбирам Кејн

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте истакнува дека е задоволен од она што го покажува Хари Кејн, клучниот играч на неговиот тим.
Пред почетокот на сезоната на големо се зборуваше за заминување на капитенот на Англија. Беше најавено дека ќе го носи и дресот на Манчестер Сити. Сепак, на крајот остана во Спарс.
„Хари сака да дава максимум на секој натпревар, задоволен сум од тоа што го покажува, посветен е. Имаме добри односи“, рече Конте.
“Знам каква беше ситуацијата ова лето и бидејќи Хари одлучи да остане во Тотенхем, тој е целосно вклучен во овој проект. Ако размислуваме да освоиме нешто, Хари мора да биде нашата почетна точка. Ја разбирам неговата ситуација, кога ќе завршите вашата кариера, сакате да гледате трофеи. Тоа е важно, особено за врвните играчи“.
Тотенхем во среда ќе го пречека Челзи во полуфиналето на Лига купот. Дали Спарс можат да го освојат трофејот во ова натпреварување?



