Кореецот Хјунг-јон Ли нов фудбалер на Работнички
Д М19 јун 2019

Kорејскиот интернационалец Хјунг-јон Ли потпиша двегодишен договор со работнички, објави денеска клубот од „Градски парк“.
Ли е првото засилување под раководство на новиот тренер Александар Влахо.
Хјунг-јон Ли има 21 година, игра во средниот ред и во изминатиот период настапувал во неколку германски нисколигаши. Доаѓа од клубот Гиншајм, а претходно бил член и на Фонтана Финтен и Вехен.
– Првата прозивка за новата сезона Александар Влахо ќе ја изврши на 26 јуни, а дотогаш раководството ќе работи на ангажман на уште неколку нови засилувања, најавија „романтичарите“.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



