Connect with us

Фудбал

Кореографијата на фановите на Сити не била наменета за Винисиус, туку за некој друг од Реал Мадрид (ФОТО)

Кореографијата на навивачите на Манчестер Сити на синоќешниот натпревар против Реал Мадрид не беше насочена кон бразилскиот фудбалер Винисиус, туку кон претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Ова беше откриено на социјалната мрежа Твитер, каде фановите открија дека кореографијата е адресирана до претседателот на „Кралевите“. „Престани да плачеш“, гласеше гореспоменатата кореографија, покрај фотографијата на шпанскиот играч за врска Родри како ја бакнува Златната топка што ја освои, а се беше насочено против првиот човек на „кралевите“.

“Зарем никој во медиумите не сфати дека личноста кон која беше насочена кореографијата не беше на теренот? Да, тоа е Флорентино Перез. Тој беше оној кој ја поттикна кампањата против Родри и бојкотот на церемонијата на доделување на Златната топка од страна на играчите на неговиот клуб. Моравме да направиме нешто”, се вели во пораката од навивачите.

На крајот од мечот Винисиус сепак ја коментираше споменатата кореографија и истакна дека ваквите работи му даваат дополнителна мотивација, иако на крајот се покажа дека не биле директно насочени против него.