SportM
Фудбал

Се појави нова снимка: Молина го удри Родри, навивачите со порака-не се враќај во земјата во која го вадиш лебот! (ВИДЕО)

Редакција20 јул 2026
Се појави нова снимка: Молина го удри Родри, навивачите со порака-не се враќај во земјата во која го вадиш лебот! (ВИДЕО)

По последниот судиски свиреж следуваше големо славје на фудбалерите на Шпанија, а потоа започнаа и непријатните сцени во кои предничеа Аргентинците.

Според пишувањата на шпанските медиуми, инцидентот започнал кога аргентинскиот репрезентативец Науел Молина реагирал кон Родри, кој тргнал кон своите соиграчи за да го прослави најголемиот успех во кариерата.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа моментот кога Молина со раката го допира лицето на шпанскиот играч од средниот ред, по што настанала голема мешаница.

Ваквото однесување на Аргентинецот, кој инаку е дефанзивец на Атлетико Мадрид, предизвика бурни реакции во Шпанија, а на платформата „Икс“ дел од навивачите му порачаа да не се враќа во земјата каде што заработува за живот играјќи фудбал.

Шпанските медиуми го опишаа однесувањето на некои аргентински фудбалери како неприфатливо, додека се очекува ФИФА да ги разгледа снимките и да донесе евентуални дисциплински одлуки.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.