SportM
Фудбал

Коронавирус и во Португалија, во Гимараеш

Д М11 мај 2020
Коронавирус и во Португалија, во Гимараеш

Гимараеш од Португалија потврди дека тројца нивни фудбалери се заразени со коронавирус.

Наведено е дека ниту еден од нив немал симптоми на овој вирус и дека сега се наоѓаат во домашна изолација.

Другите играчи ќе тренираат индивидуално, а овој клуб започна да тренира минатата недела.

Оваа состојба сега дополнително ќе ги вознемири.

Сезоната во Португалија треба да продолжи, имајќи предвид дека Владата на таа земја одобри фудбалот да продолжи со игра од 1 јуни.

Останува да се види дали тоа ќе се случи.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.