Коронавирус во српскиот фудбал: Фудбалерите на Чукарички на тестирање, прашање е дали ќе се одигра натпреварот
Д М13 јун 2020

Утре според планот на српската Супер лига треба да се одигра натпреварот помеѓу Партизан и Чукарички, о сега натпреварот е под знак прашалник.
Српските медиуми пренесуваат дека дури шест фудбалери од Чукарички ги почувствувале симптомите на коронавирусот и итно биле испратени на тестирање заедно со тренерот Александар Веселиновиќ.
Имињата на играчите засега се чуваат во тајност.
Од Партизан велат дека тие се во контакт со лидерите на Чукарички и чекаат нови информации.
Средбата на овие два тима беше планирана за недела во 19 часот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



