Коронавирусот го потсети Шевченко на Чернобил: Имав 9 години кога експлодира…!

Андриј Шевченко обезбеди видео интервју за „Скај Спорт“.
Поранешниот напаѓач на Милан и Челзи, моментно е тренер на Украина, добро знае што значи да се живее во затворено и во многу тешки околности.
Деновиве на изолација поради коронавирус, Шевленко го потсетуваат на Чернобил.
„Јас сум во Лондон, затворен скоро 10 дена, живеејќи го овој тежок момент со надеж дека работите ќе се подобрат и единствено решение е да останам дома и да им дадам на лекарите можност да ја завршат својата работа добро. Лекарите и медицинските сестри прават одлична работа, тие се херои на нашето време“, рече тој.
„Доживеав многу сличен момент, имав 9 години кога експлодира фабриката во Чернобил и беше многу тешко“, додаде тој.
Тој, како и сите други, испрати порака до граѓаните да се придржуваат кон правилата и да останат дома, бидејќи само на овој начин може да се води борбата против нехуманиот непријател.
„Повторувам, единствената опција е да ги следиме ограничувањата. Не знаеме дали сме позитивни или не, ако можеме да станеме заразени од асимптоматски луѓе, мора да размислиме за себе и за луѓето што можеме да ги заразиме“.



