Коста го воодушеви Бразил: Го наполни својот автомобил со намирници и ги делеше по улицата

Јувентус му даде на Даглас Коста пред неколку недели дозвола да се врати во Бразил каде исто така мораше две недели да биде во куќна изолација.
Коста реши да се врати во Бразил за да биде со семејството и девојката Наталија Феликс. Тој се придржуваше на двонеделниот карантин што истече пред неколку дена и сега има дозвола да ја напушти својата куќа.
Фудбалерот на Јувентус воодушеви со неговиот потег затоа што реши да им помогне на соседите на кои навистина им требаше. Тој го наполни својот автомобил со разни намирници и работи, па им ги подели на оние на кои им е најпотребно.
Тој ја организираше оваа акција со неговата мајка Марлен и девојката Натали, а тој објави неколку фотографии на Инстаграм. Даглас со тоа воодушеви многумина на кои оваа помош сигурно добро ќе им дојде и порача дека оваа акција ке ја продолжи и во наредните денови.
Во Бразил во моментов има над 14,000 заболени од коронавирус, и 688 мртви.





