Коста и Де Лихт се повредени
Д М24 ное 2019

Јувентус доби депресивни вести по тешката победа од 3:1 над Аталанта во саботата во Серија А, откако Даглас Коста и Матијас де Лихт се здобија со повреди.
Владеечкиот италијански шампион се бореше да го промени резултатот за да победи против Аталанта, но за тоа плати со повредата на двајца врвни играчи.
Коста, кој влезе во игра како замена и се опоравува од повреда, доживеа уште една повреда на натпреварот.
Јувентус денеска во изјава потврди дека Бразилецот ќе отсуствува до 15 дена.
Дефанзивецот Де Лихт ја измести раката за време на натпреварот, лекарите успеаја да ја наместат дозволувајќи му да игра до крајот.
Но, денес тој претрпе медицински тестови и се очекува да го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



